Песков: Поддржуваме прекин на огнот, но со внимание на нијансите
Русија ја поддржува иницијативата за 30-дневен прекин на огнот во Украина, но само доколку се земат предвид “нијансите”, изјави синоќа портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Оваа тема одамна е покрената од украинска страна, рече Песков, пренесува ТАСС. – Веднаш штом таа беше предложена од администрацијата на претседателот Доналд Трамп, претседателот Владимир Путин ја поддржа со услов дека е многу тешко да се дискутираат деталите без да се земат предвид бројните нијанси околу концептот на примирје.”
Русија повеќепати изјави дека воведувањето на долгорочно примирје зависи од создавањето механизми за набљудување и одржување на таквата мерка.
Претходно вчера, францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека сака „во следните денови и часови” да се подготви заеднички американско-европски план за 30-дневен прекин на огнот во Украина, придружен со “обемни економски санкции” во случај на негово прекршување.
Русите треба да кажат ‘да’. Не само три дена за да ја забавуваат публиката, ако можам така да се изразам, околу 9 мај и да одржат парада. Не — за 30 дена”, нагласи тој во изјава за Полската радио-телевизија.
Ново на Сител
-
Превентивни прегледи од областа на медицина на трудот, ќе бидат евидентирани во Мој термин
-
Дали јадењето во ресторани станува луксуз
-
Заврши жетвата, приносот во Овче Поле под очекуваното
-
Преглед на вестите од светот
-
Утре стапуваат во сила новите царини на Трамп
-
Тема на денот со Горан Ѓорѓиевски, претседател на Агро-бизнис комората при ССК
-
ВМРО-ДПМНЕ: Ние сме партнер на младите
-
Балистите скандираа “Голема Албанија”, функционерите не ги осудија