Песков одби да коментира дали руски трупи учествуваат во борбите во Сирија
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков денеска одби да коментира дали руски војници учествуваат во борбите во Сирија, откако либански извори изјавија дека руски сили се ангажирани во операциите на сириска територија.
- Заканата која ја претставува Исламската држава (ИД) е очевидна... Единствена сила која е способна да се спротивстави на тоа е сириската војска, истакна Песков, повторувајќи го ставот на официјална Москва дека нејзиниот сојузник, сирискиот претседател Башар ал Асад, треба да биде дел од меѓународните напори во борбата против џихадистичката група.
Тој додаде дека рускиот претседател Владимир Путин ќе зборува за Сирија и ИД во своето обраќање пред Генералното собрание на ОН кон крајот на овој месец во Њујорк.
Западните медиуми, повикувајќи се на „три либиски извори кои се запознати со политичката и воената ситуација во Сирија“, наведуваат дека „руски сили почнале да учествуваат во воените операции во оваа земја како поддршка на сириската војска“.
Руското Министерство за надворешни работи вчера соопшти дека Русија и испорачува воена техника на Сирија согласно меѓународното право и може, доколку е потребно, да разгледа и дополнителна помош за Дамаск во борбата против тероризмот.
Ново на Сител
-
За сигурни пензии ќе мора да се зголеми старосната граница за пензионирање
-
Стан од 96 квадрати во Центар продаден за 260.000 евра, најмногу продажби во Аеродром
-
„Приказната за Силјан“ - македонски кандидат за Оскар
-
Преглед на вестите од светот
-
Одложено судењето за тепањето млади фубалери
-
Генерички обуки за административни службеници - чекор кон европска администрација
-
Од 19-ти до 21-ви септември „Штипска пастрмалијада 2025“
-
Доброволното противпожарно друштво во Василево веќе активно делува на терен