Песков: Немаме ништо со кибер нападот врз американската компанија за дистрибуција на нафтени деривати
Русија не е вклучена во кибер нападот врз главната американска компанија за дистрибуција на нафтени деривати „Колонијал пајплајн“, изјави синоќа портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
– Русија нема никаква врска со тоа, истакна Песков коментирајќи ја изјавата на американскиот претседател Џозеф Бајден дека Вашингтон нема докази оти Русија е вмешана во кибер нападот врз компанијата, но оти има индиции дека нападот бил извршен од територијата на таа земја.
На прашањето дали Москва планира да соработува со Вашингтон по тоа прашање, тој изјави дека „САД одбиваат да соработуваат во борбата против кибер-криминалот“.
Бајден синоќа рече дека засега нема докази оти Русија е вмешана во кибер нападот врз главната американска компанија за дистрибуција на нафтени деривати „Колонијал пајплајн“, но оти има индиции дека нападот бил извршен од територијата на таа земја.
Тој најави дека ќе се сретне со неговиот руски колега Владимир Путин, но додаде дека засега американските разузнавачки служби немаат докази дека Русија е вмешана.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Петар Арсовски, аналитичар
-
Преглед на вестите од светот
-
11 полицајци од СВР Велес на дисциплинска за случајот со убиената Росица
-
Полицијата денеска со опомени за оние кои со телефон и слушалки поминуваа улица, од утре ќе казнува
-
Камерите ќе го зголемат бројот на казни за сообраќајни прекршоци
-
Тротоарите во Скопје непроодни од ѓубре, Општина Аеродром и Градот поднесоа кривични пријави
-
Граѓаните бараат решение за Вардариште пред изборите – вчера повторно запалена депонија близу Арачиново
-
Резолуцијата на Филипче ќе добие конкретни забелешки од Владата по изборите