Песков: Нема демилитаризација на нуклеарката Запорожје
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков денеска изјави дека руската специјална воена операција во Украина ќе продолжи додека не се реализираат сите претходно зацртани цели, додавајќи оти нема разговори за демилитаризација на нуклеарната електрана Запорожје во Енергодар.
Како што пишуваат руски медиуми, Песков посочил дека рускиот претседател Владимир Путин е во постојан контакт со министерот за одбрана и со други воени лидери и известен е за сите дејствија на руската војска.
– Се разбира, сè што се случува, сите дејствија што војската ги презема за време на специјалната воена операција, се пренесуваат на врховниот командант, одговори Песков на прашањето како рускиот претседател реагирал на „прегрупирањето на силите и средствата во Украина“.
Украинскиот Генералштаб утрово информираше дека украинската војска успеала да го протера непријателот од над 20 населби изминатите 24 часа.
Претходно, претседателот на Украина, Володимир Зеленски наведе дека украинските трупи месецов вратиле повеќе од 3.000 квадратни километри територија и оти продолжуваат да ги ослободуваат подрачјата окупирани од Русија.
Ново на Сител
-
Нови технологии за производство на чиста и здрава вода за пиење
-
Пратенички прашања во Собранието
-
Левица: Семејно насилство да се гони по службена должност
-
Владата се договори со банките
-
Синдикатите не се откажуваат од барањето за минимална плата од 450 евра
-
Преглед на вестите од светот
-
СДСМ избира раководство
-
Тема на денот со британскиот амбасадор Метју Лосон