Песков: Јазикот на ултиматум е неприфатлив за Русија
Јазикот на ултиматум не може да се користи за дијалог со Русија, изјави денеска портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков, коментирајќи на брифинг за заканата од воведување нови европски санкции против Русија доколку Москва одбие прекин на огнот во Украина.
- Јазикот на ултиматум е неприфатлив за Русија, не е соодветен. Со Русија не може да се разговара на таков јазик, нагласи тој.
Песков исто така потсети дека Русија веќе добила слични закани на 10 мај, а тогаш тие исто така им биле претставени „во прилично ултимативна форма“. На тој ден, францускиот претседател Емануел Макрон, германскиот канцелар Фридрих Мерц, како и премиерите на Велика Британија и Полска, Кир Стармер и Доналд Туск, го посетија Киев, каде што за време на преговорите со украинската страна предложија 30-дневен прекин на огнот од 12 мај.
Германската влада денеска соопшти дека доколку Русија го одбие примирјето предложено од Европа и Украина, ЕУ ќе почне со подготовки за дополнителни санкции против Русија.
Рускиот претседател Владимир Путин, пак, обраќајќи им се на новинарите во Кремљ синоќа предложи властите во Киев да ги продолжат директните преговори, кои беа прекинати во 2022 година, без предуслови. Се предлага почеток на дијалог на 15 мај во Истанбул.
Путин исто така напомена дека Руската Федерација претходно во повеќе наврати прогласувала примирје, кое според него, властите во Киев постојано го прекршувале, вклучително и најновото тридневно примирје воведено за време на прославата на 80-годишнината од победата во Големата татковинска војна.
Американскиот претседател ѝ порача на Украина „веднаш да прифати“ разговори бидејќи Западот по нив „барем ќе знае на што е“, иако самиот тврдеше дека „почнува да се сомнева“ дека е можен договор со Путин.
По пораката на Трамп, Зеленски соопшти дека прифаќа и оти лично ќе дојде в четврток во Турција за да преговара со Путин.
Ново на Сител
-
Од странство се враќаат четворица пациенти од пожарот во Кочани, 11 остануваат во странски медицински центри
-
Бранителите на Палевски и Видевски бараат вештачење на пронајдената чаура
-
Скопјанец во двор пронашол рачна бомба
-
Кај 69-годишник пронајдени 15 пушки, шест пиштоли, два револвери и 363 парчиња муниција
-
Мицкоски носи договор за стратешко партнерство со Велика Британија
-
Се претставил како полицаец и ѝ рекол дека ќерка ѝ прегазила дете, 72-годишна жена измамена за 9.700 евра
-
Работник загина на градилиште во Охрид
-
Пиштол пронајден на Јабланица на граничната линија со Албанија