Пешевски: Ставот на Владата е дека треба да се заштити интересот на граѓаните, акционерите и вработените на Макпетрол
Во однос на претпоставките кои се појавија кај дел од јавноста за можна енергетска криза во државата, не навлегувајќи во постапката на обвинителниот акт, кој е во надлежност на јавното обвинителство, би го истакнал ставот на Владата дека согласно Закон, треба да се обезбеди јавниот интерес и сите државни институции кои се вклучени во кривично-правниот процес треба да преземат легални чекори кои нема да го стават под прашање јавниот интерес, заштитувајќи ги интересите на граѓаните, како и интересите на акционерите и вработените во компанијата „Макпетрол“, објави вечерва вицепремиерот Владимир Пешевски на својот фејсбук профил.
- Исто така потребно е да се обезбедат услови за задоволување на јавниот интерес и од страна на операторот кој е предмет на процесот за утврдување на фактите. Владата во рамките на своите надлежности ќе го следи рзвојот на настаните и доколку е потребно ќе ги преземе сите неопходни чекори да не дојде до посериозно нарушување на балансот на снабдувањето со нафтени деривати и горива за транспорт на граѓаните на Република Македонија, вели Пешевски во својата објава. бк/20:27
Ново на Сител
-
Митинзи на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во Гостивар и Тетово
-
Митинзи на СДСМ и коалицијата во Гевгелија и Валандово
-
Застрелан носителот на листа на ДУИ во Липково
-
Уапсени управители на старечки дом во Капиштец, се сомничат за нехуман третман на корисниците
-
Тема на денот со Борис Ѓорѓиевски, Дојче Веле
-
Почнува пријавување за бесплатната вакцинација против грип за ризичните групи
-
Апсење за нехуман третман на стари лица
-
4% инфлација во септември