Пешевски: Ситуацијата е сложена, радува што целото население е вклучено во расчистувањето
Вицепремиерот Владимир Пешевски, кој денеска ги посети поплавените населби Ченто, Економија и Камник, изјави дека ситуацијата е прилично сложена но, како што рече, она што радува е дека целото население е вклучено во расчистување на теренот.
- Тесните улици се малку проблематични, бидејќи механизацијата со која располагаме е од поголем обем и сега се користи до максимум она што се има и што може за да се влезе во улиците. Се надевам дека во наредните денови ќе дојде до расчистување, но ќе биде малку повеќе време за да се воведе целосен ред, рече Пешевски.
Во училиштето „25 Мај“ има пункт за делење храна и вода. Вицепремиерот рече дека ќе се направат повеќе пунктови зашто храната и водата можеби не стигнува до најзагрозените подрачја бидејќи луѓето се зафатени со чистење и немаат време да дојдат до пунктот.
- Тука и АРМ ќе прискокне на помош. Сите органи на државата се максимално вклучени но, како што кажав, за целосно нормализирање на состојбата ќе биде потребно малку повеќе време, додаде Пешевски при посетата на поплавените подрачја во општина Гази Баба.
Ново на Сител
-
Македонија води на полувреме против Словенија
-
Без струја утре делови од Аеродром, Центар и Ѓорче Петров
-
Челси не сака да го задржи Санчо
-
Стани мастер на својот ум | Кристина Дескоски | Личен развој | Sitel Podcast 085
-
Обвинителството соопшти дека поради намален ризик од бегство Јахоски добил куќен притвор во случајот за набавка на мазут
-
Жена удрила 18-годишно девојче со автомобил, па избегала
-
БНД: Коронавирусот потекнува од лабораторија во Вухан
-
Приведен 74-годишен маж од Скопје, бил агресивен кон полицајци