Пешевски: Мерката за електрични возила ќе има позитивен ефект на животната средина
Вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски оцени дека мерката за субвенционирање на електрични автомобили ќе има позитивно влијание врз животната средина.
Тој изјави дека во Буџетот веќе се алоцирани средства за реализација на оваа мерка која ќе почне да се применува од следната година и оти во годините кои следат средствата би можело да се зголемуваат доколку има интерес од граѓаните.
- Лицата кои ќе ја искористат мерката ќе имаат низа на придобивки. За купување на возилата ќе добија субвенции од државата во висина до 5.000 евра, данокот на додадена вредност е намален од 18 процетни на 5 проценти и нема дополнителна акциза, регистрацијата на возилата ќе биде поевтина, нема да плаќаат патарини, ќе користат бесплатен паркинг на сите јавни паркинзи, како и низа други бенефиции, истакна Пешевски.
Според него, со мерките кои се предложени, граѓаните при купувањето на електричен автомобил, би заштедиле околу 20 проценти од вредноста на возилото.
Истражувањата, како што посочуваат надлежните, покажуваат дека во поглед на потрошувачката, електричните автомобили во однос на автомобилите кои користат фосилни горива се многукратно поевтини. Цената на чинење на електрична енергија која би ја потрошило електрично возило на 100.000 километри би чинела околу 1.000 евра, додека за возилата кои користат фосилни горива, а се со приближна или иста вредност при купувањето како електричните, за истата помината километража би требало да се издвои околу 50.000 евра, што на подолг рок претставуваат навистина голема заштеда за лицата кои ќе се одлучат да набават електричен автомобил.
Ново на Сител
-
Приведен 70-годишен штипјанец, допирал по телото малолетничка
-
Граѓаните кои поседуваат легално оружје од сега ќе можат да набавуваат муниција директно во овластените правни субјекти
-
Кривична за градоначалникот на Кичево, одобрил оформување дива депонија и ја загрозил животната средина и природата
-
Студентскиот дом „Кузман“ готов до 2026та, во план е да се реновираат сите студентски домови
-
Меџити: По пожарите ќе се пошумува секаде каде што е потребно
-
Нестабилно со пороен дожд и грмежи од утре попладне до четврток
-
Обвинетиот за нападот на градоначалничката Арсовска не се чувствува виновен, започна доказната постапка
-
18-годишен мотоциклист почина откако се судри со „бмв“ со швајцарски национални ознаки