Пешевски и Зеќири ги претставија условите за водење бизниспред швајцарските бизнисмени
Вицепремиерот задолжен за економски прашања, Владимир Пешевски и министерот без ресор задолжен за странски инвестиции Арлинд Зеќири денеска учествуваа на бизнис форум во швајцарскиот град Цирих, каде ги презентираа инвестициските можности и бизнис климата во Македонија пред педесетина сопственици и директори на реномирани швајцарски компании од повеќе стопански гранки.
Како што соопшти Кабинетот на заменик-претседателот на Владата, Пешевски пред швајцарските бизнисмени ги презентираше поволностите и можностите за инвестирање, како и активностите кои Владата ги спроведува во насока на креирање на поволна бизнис клима за инвестирање.
Република Македонија, потенцираше тој, од повеќе релевантни и еминентни светски економски институции, е препознаена како земја со одлична бизнис клима и една од земјите коишто спроведуваат најголем број на реформи во насока на унапредување на условите за водење на бизнис.
Пешевски се осврна на последниот извештај „Доинг Бизнис 2017“ на Светска Банка, на којшто Македонија се најде на 10 позиција од 190 земји во светот, а на петото место според условите за водење на бизнис во Европа. Според овој извештај Македонија е четврта земја во светот во која најлесно се отвора нова компанија, со само две процедури и во еден ден, со мали трошоци за регистрирање на фирмата.
- Македонија е земја со најниска просечна даночна стапка од 7,4%, и е единствена земја во светот со едноцифрена просечна даночна стапка, што е особено атрактивно како за домашните така и за странските компании, потенцираше Пешевски. Со спроведување на низа реформи, додаде тој, денес во земјата полесно, побрзо и поефтино компаниите имаат можност да извадат градежни дозволи за изградба на производствените капацитети, овозможен е полесен пристап до кредити за развој на компаниите, подобрени се условите за прекугранична трговија, што резултира со континуирани стапки на раст на извозот од земјата и на бруто домашниот производ.
Пешевски се осврна и на поволностите што Владата им ги нуди на компаниите за инвестиции во Технолошко-индустриските развојни зони, а воедно презентираше дел од инвестициските проекти кои се реализирани или се во тек на реализација. Владата, според него, има изградено силни и искрени релации со бизнис секторот во земјата, кој е носител на економскиот раст.
- Секоја компанија која инвестира во Република Македонија во Владата добива сигурен партнер и поддршка која и е потребна за реализација на инвестициските планови, истакна Пешевски.
Резултат на добрата соработка помеѓу Владата и компаниите и спроведувањето на комплементарните економски политики е намалувањето на невработеноста во земјата од 38% на 24% во период од 10 години, а притоа се отворени над 160.000 нови работни места, од кои дел во странски директни инвестиции.
- Македонија е лидер во светот и по број на новоотворени работни места во странски директни инвестиции по глава на жител, две години по ред, додаде Пешевски.
Тој потенцираше дека Македонија посветено инвестира и во инфраструктурата и оти изградени се современи и ефикасни аеродроми, а инвестициите во изградба на патната инфраструктура надминуваат 800 милиони евра, со што земјата уште подобро ќе биде поврзана со соседните земји, а транспортот на стоки ќе се одвива побрзо и побезбедно.
По завршување на бизнис форумот, македонската делегација разговараше со неколку претставници од присутните компании. Швајцарските бизнисмени покажаа интерес за продлабочување на соработката и подготвеност да ја посетат земјата за евентуални инвестициски проекти во иднина.
Претходно Пешевски и Зеќири имаа средба и со претставници на Текстилната федерација на Швајцарија, во која членуваат преку 200 добро позиционирани компании.
Ново на Сител
-
Трамп сака да прогласи вонредна состојба во САД за да ја спроведе својата програма за протерување мигранти
-
Притвор за полициски службеник и уште едно лице за продажба на кокаин
-
Крвава расправија на ученици во Тирана, еден починат, двајца повредени, еден приведен од полицијата
-
Двајца маскирани крадци упаднале во замокот „Виндзор“ - домот на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон
-
Евростат: Луксембург најмногу издвојува за здравствената заштита на граѓаните
-
Пласидо Доминго во Скопје
-
Хрватска го одбележува Денот на сеќавање на жртвите од Вуковар и патриотската војна
-
Прва средба меѓу британски и кинески лидер по шест години