Пешак и возач на мопед повредени во две сообраќајки во Штип

Пешак и возач на мопед се повредени во две сообраќајни незгоди што синоќа се случиле во Штип.
Едната сообраќајна незгода се случила во 20:15 часот и во неа е повредена М.Џ. (1948), која се здобила со тешки телесни повреди и со возило на Итната медицинска помош е пренесена во Клиничката болница во Штип каде и е укажана лекарска помош и е задржана на понатамошно лекување. Во неа удрило патничко моторно возило марка „југо 101 скала“ управувано од Н.Т. (1947).
Втората сообраќајка се случила во 22:20 часот меѓу патничко возило „лада нива“ сопственост на правно лице, а управувано од Ѓ. А. (1963) и мопед „АПН 6“ управуван од Ѓ. Р. (1996). Со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот кој е пренесен во Клиничката болница во Штип каде е задржан на понатамошно лекување.
Во двете сообраќајни незгоди извршен е увид од страна на екипи од Полициската станица во Штип.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Методи Хаџи-Јанев, воено безбедносен експерт
-

Дали има поврзаност на убиствата во кумановско?
-

Кој е за, а кој против членство во ЕУ без право на глас?
-

СДСМ: Контроверзен конзул во Србија
-

Денеска се чествува Св. Ѓорѓи Кратовски, симбол на пожртвуваноста за христијанството
-

Два големи јубилеја во Прилеп - 100 години „Прилепски мечкари“ и 25 години Карневал Прочка
-

Карневалски спектакл во Струмица
-

Марш во чест на Борис Трајковски
