Перински: Инвестиции и поголема финансиска независност на општините
Општина Чешиново-Облешево годинава ќе добие значителен инвестициски циклус со реализација на девет инфраструктурни проекти во вкупна вредност од околу 60 милиони денари. Проектите се насочени кон подобрување на основната инфраструктура, со фокус на локалните патишта, водоводната и канализациската мрежа, како и унапредување на јавните површини. Средствата се обезбедени преку двата јавни повика за капитални инвестиции.
-Интервентно обезбедивме 20 милијарди денари во дел на финансиска помош и реализација на капитална инфраструктура. Вториот столб на кој сега работиме е ажурирање на податоците на даночните обврзници на општините за обезбедување на поголема финансиска независност на самите локални самоуправи, изјави Златко Перински, министер за локална самоуправа.
-Оваа соработка е од голема корист за нашата општина и за подобрување на животот на граѓаните на О. Чешиново- Облешево, изјави Јорданче Костадинов, градоначалник на О. Чешиново- Облешево.
Министерството за локална самоуправа преку ресурсниот центар работи на експертска помош за општинската администрација за надминување на секојдневните предизвици.
-Замислен е како една контакт точка во која ќе се судираат потребите на општините со знаењето од страна на експертите, преку која контакт точка ќе се канализира и донатораката помош, за да бидеме сигирни како држава, се она што реализира, имплементира или креира на проектна основа, а е наменето за локалните самоуправи, стратешки содејствува со потребите на државата, додаде Перински.
Перински најави дека од понеделник, 30-ти март се отвора и Законот за меѓуопштинска соработка, со цел креирање и реализаија на проекти од регионално значење.
-

Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар
