-->
-->
Перез најбрз во Сингапур
-->
Серхио Перез од екипата на Ред Бул ја заврши маратонската трка во Сингапур на првото место пред Шарл Леклер и Карлос Саинс Јуниор во Ферари, но неговата победа е неизвесна откако е под истрага за „попречување“ на безбедносното возило.
Перез победата ја осигура на стартот на трката која беше одложена цел час поради силниот дожд во Сингапур, кога успеа да го помине освојувачот на пол-позицијата, Леклер, но во долгата трка со неколку излегувања на безбедносното возило, тој официјално беше под истрага откако во еден момент се доближи до безбедносното возило и побара тој да побрза.
Лендо Норис и Даниел Рикардо следуваа на четвртото и петтото место, пред Ленс Строл во Астон Мартин, додека светскиот шампион Макс Ферстапен беше седми по грешката која ја направи во финишот на трката, откако во последните два круга успеа да ги помине поранешните шампиони Себастијан Фетел и Луис Хамилтон, додека последниот поен отиде кај Пјер Гасли во Алфа Таури.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Извршен комитет на ВМРО-ДПМНЕ
-
Протест за Вардариште
-
Тема на денот со Илија Димовски
-
Шест пратеници влегоа во АНБ со иста цел, но различни барања
-
Пожарот во Дрисла ги угуши скопјани
-
Какви последици врз здравјето предизвикува горење на депонија?
-
Проф. Трајковски: Аерозагадувањето не смее да се прифаќа како нормално
-
Азир Алиу го промовираше Здравствениот совет - Најави и ангажман на лекари од приватно во јавни установи