Перез на промоцијата на Дијаз: Реал ќе продолжи да гледа напред

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез не покажа знаци на разочарување по синоќешниот кикс на тимот против Реал Сосиедад (2:0) во Ла Лига, по која тимот заостанува 10 поени на табелата од лидерот Барселона.
– По период на успех, секогаш има тешкотии. Но, Реал ќе продолжи да гради и да гледа само напред, рече шефот на „белите“.
Денес, тој го претстави новото засилување на клубот, Браим Дијаз. 19-годишниот шпански играч доаѓа од Манчестер Сити за 15,5 милиони фунти, а други 6,5 милиони се утврдени во договорот како клаузули.
– Кога нов играч ќе дојде во Мадрид, ова е секогаш важен настан бидејќи работиме напорно за да избереме еден играч. Реал е најголемиот клуб во светот и тука најмногу се бара. Задоволни сме што овој талентиран и вреден фудбалер веќе е тука. Облекувањето на белиот дрес на 19 години е уникатно постигнување. Добредојде во новиот дом!, изјави Перез.
Новиот играч на Реал Мадрид пак, увери дека не сакал да оди во друг клуб откако дознал за интересот на шпанскиот гигант. Тинејџерот доаѓа од Манчестер Сити откако одби да потпише нов договор со англискиот клуб. Кај Пеп Гвардиола тој беше резерва, но сепак изрази оптимизам дека пред него има светла иднина на „Сантијаго Бернабеу“.
– Ова е посебен ден за мене – најважното нешто во мојот живот. Доаѓам во клубот за кој сонувам од дете. Ова е мојот најдобар божикен подарок. Кога решив да го напуштам Сити, имав три опции – Реал, Реал и пак Реал. Не сакав да одам на друго место, бидејќи немаше начин како да одам во подобар тим. Благодарам за довербата и ветувам дека ќе дадам сè од себе уште од првиот ден, изјави Дијаз на промоцијата.
Офанзивниот фудбалер е роден во Малага пред 19 години. Манчестер Сити го привлече во 2013 година за 200.000 фунти. За „граѓаните“ тој учествуваше во пет меча во Премиер лигата, откако дебитираше во јануари минатата година.
Неговата баба, од страната на татко му, е од Мароко. Дијаз има четири сестри, сите помлади од него.
Ново на Сител
-

Трамп: Во следните два дена се можни преговори со Иран
-

Папата Лав предупредува: Без морални вредности демократијата може да се претвори во тиранија на мнозинството
-

Правда ќе ги бара списите за Груевски
-

Венс: Папата да си ја гледа Црквата и да не се меша во американската политика
-

Муцунски телефонски разговараше со Анита Орбан, главен советник за надворешна политика на партијата TISZA во Унгарија
-

Љутков: Заштитен појас под УНЕСКО го кочи автопатското решение кон Ќафасан, во мај се очекува посета на делегација
-

Министерство за економија и труд: Минимален пораст на цените, намалена трговска маржа кај основните производи
-

Научниците предупредуваат - Астероид што ѝ се заканува на Земјата има сила од 22 атомски бомби
