-->
-->
Пепи Манасков во тимот тренери на селекторот Червар
-->

Пепи Манасков ќе биде дел од стручниот штаб на македонската ракометна репрезентација на претстојното Светско Првенство во Франција.
Ова на денешниот состанок пред Управниот Одбор на РФМ го обелодени селекторот Лино Червар, кој го образложи претходно најавеното проширување на стручниот штаб.
Во стручниот штаб останува Илија Темелковски, а ќе биде кооптиран и Александар Јовиќ .
Со голманите покрај Ице Соколевски, ќе работи и поранешниот искусен чувар на мрежата Петар Мисовски, кој ја извршува оваа функција во стручниот штаб на Червар во Металург.
Претседателот Мукаетов најави дека стручниот штаб ја има целосната доверба и поддршка и дека го поздравува подмладувањето, бидејќи токму сега е вистинското време да се преземе таков чекор со оглед на стратешката цел односно пласман на ОИ, а имајќи во предвид дека токму сега е стартот на новиот олимписки циклус.
УО на РФМ реши финансиски со 10.000 евра да ги награди ракометарките за нивниот пласман во баражот за СП, а воедно донесе и одлука редовното годишно Собрание да се одржи по завршувањето на машкото СП, односно на 7 февруари 2017 година.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Собранието гласа по законите дел од реформската агенда
-

Нов модел за проширување на ЕУ
-

Сите опции отворени пред финализирање на владиниот состав
-

Втор ден молк од Тетово за „женските термини“ на градскиот базен
-

НПМ: Лоши услови зад решетки и празни полициски станици
-

Стартуваа камерите Безбеден град
-

Алиу - реновираните сали на хируршките клиники ќе проработат на почетокот на јули
-

Серија земјотреси во Венецуела по двата смртоносни - бројките на загинати и повредени континуирано растат
