Балкан
15. December 2016 - 8:33

Пензионерски протести во Грција

Протести се закажани денеска на пензионерите во Грција како одговор на владината мерка за еднократна социјална помош која тие ја нарекуваат „трошки“ и „прав во очи“, јави АНА-МПА.

Лани премиерот Алексис Ципрас без да ги извести кредиторите, објави дека ќе биде дадена 13-та пензија за 1,6 милиони пензионери и ќе се одложи зголемувањето на ДДВ за островите на кои има бегалци.

Федерацијата на пензионерите повика на масовно учество во денешните протести.

За денеска во грчкиот парламент е закажано поименично гласање за прашањето за социјалниот бонус кој медиумите го нарекуваат „божиќен подарок“ на Ципрас. Пензионерите во Грција се незадоволни откако ги погодија серија економски мерки поради што пензиите им се намалија речиси за половина.