„Пензионерите пеат 2016” во Кавадарци

Во Организација на Здружението на пензионери од Кавадарци, денеска во овој град се одржа традиционалната манифестација „Пензионерите пеат 2016”, на која настапија околу 200 учесници од девет пензионерски здруженија од Повардарскиот и Пелагонскиот регион.
Како што информираше Ристо Анѓушев, претседател на Кавадаречкото здружение на пензионери, во салата на Домот на културата „Иван Мазов - Климе“, свој настап имаа вкупно 11 културно-уметнички друштва, пејачки групи и солисти.
- На манифестацијата учествуваа пејачките групи од здруженијата од Битола, Прилеп, Велес, Неготино, Демир Капија, Богданци, Гевгелија и Кавадарци. Всушност, учествуваа две кавадаречки здруженија, затоа што со свое учество тука беа и претставници од Здружението на инвалидни пензионери, појасни Анѓушев.
На манифестацијата која има ревијален карактер, традиционално се исполнуваат роднокрајни староградски и изворни македонски народни песни.
Маријана Пешиќ, член на пејачката група при Кавадаречкото здружение, посочи дека на ваквите средби лицата од третото доба се дружат, разменуваат искуства и покажуваат дека и пензионерскиот живот може да биде убав, само ако се осмисли.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Љупчо Петковски, аналитичар
-

Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите, фокус е ефикасност на институциите
-

Кога бесплатен роаминг со ЕУ?
-

Софија не прифаќа европски медијатор во дијалогот со Скопје
-

Откупот на тутунот ќе започне на 16 ноември, се очекува откуп во една класа по цена нешто поголема од лани
-

Партиите со меѓусебни обвинувања за Алта банка
-

Независниот синдикат на професионални војници излезе на протест пред Владата
-

Во Дојран откриен најстариот меч во Македонија, стар околу 3.500 години
