Бизнис
28. November 2023 - 16:45

Пензионерите ќе добијат до 3 илјади, средношколците до 1.800 – објавен новиот пакет антикризни мерки

Пензионерите, учениците и социјално загрозените први на листата во новиот пакет антикризни мерки.

Половина година основците ќе добиваат 1.200 денари месечно, а средношколците 1.800. Право на оваа мерка имаат семејствата со ниски примања до 50 илјади денари.

Студентите кои не учат во градот каде што се родени, 7 месеци ќе имаат право на ваучер за превоз, од 600 до 1.200 денари.

Пензионерите со пензии до 14 илјади денари, месечно ќе имаат по 3 илјади плус на своите сметки. Останатите две групи со примања до 19 илјади ќе земат помалку. Помошта им следи во наредните пет месеци.

Во истиот временски период, по 2 илјади денари секој месец ќе земаат самохраните родители, лицата со попреченост и нивните родители, како и социјално загрозените.

Земјоделците ќе добијат авансна исплата на субвенции.

Мерките се правени за граѓаните, не се правени за избори. Граѓаните имаат на кого да се потпрат и во 2024 година, а ќе имаат на кого да се потпрат и во наредните 4 години после 2024 година“ – Димитар Ковачевски, премиер

Државата и догодина ќе ги субвенционира сметките за струја и парно.

Предвидени се и пари за 10 процентно зголемување на платите во јавниот сектор. Помош ќе има и за приватниот. Меѓудругото, фирмите кои ќе ги зголемат платите на вработените од 3 до 9 илјади денари нема да плаќаат придонеси.

За зголемениот износ да се плаќа само данок на личен доход. Ограничувањето е дека оваа мерка можат да ја користат сите тие вработени кои имаат плата до една и пол просечна плата“ – Фатмир Битиќи, вицепремиер за економски прашања

Парите за исплата на антикризнит мерки се обезбедени и предвидени во буџетот за следната година. Во нив ќе се вклучат сите пари кои се исплатени од солидарниот данок.

Одма ќе ви кажам дека овие мерки не се финансирани со кредити, со задолжување. Затоа што во буџетот за 2024 задолжувањето, односно дефицитот е понизок од капиталните расходи“ – Фатмир Бесими, министер за финансии

Пакетот содржи вкупно 26 антикризни мерки и тежи 662 милиони евра. Мерките стапуваат на сила на први декември, а првите исплати ќе започнат по Нова година.