-->
-->
Пензија за Мирослав
-->
Најдобриот стрелец во историјата на Светските првенства, Мирослав Клосе, реши да ја заврши играчката кариера.
Стрелецот на рекордни 16 голови на Светските првенства, Мирослав Клосе (38) заминува во пензија, иако неговото име се поврзуваше со Наполи, откако овој тим остана без повредениот напаѓач Аркадиуш Милик.
Последен клуб за кој настапуваше германскиот напаѓач беше Лацио.
Клосе во кариерата настапувал за Кајзерслаутерн, Вердер и минхенски Баерн. За Германија одиграл 137 натпревари и постигнал 71 гол. Круна на неговата кариера е освојувањето на светската титула со Германија на Мундијалот во 2014 година во Бразил.
Тој соопштил дека ќе започне тренерска кариера и дека занаетот го учи во Фудбалскиот сојуз на Германија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Tема на денот со Владимир Божиновски
-
Средба Мицкоски-Таравари за иднината на Алијанса во Владата
-
Средба Мицкоски-Таравари за иднината на Алијанса во Владата
-
Партиите забрзано се подготвуваат за изборите
-
Сиљановска-Давкова: Изјавата на Ахмети е притисок врз судската власт
-
Четворица повредени од пожарот во Кочани кои беа на лекување во Турција цела вечер останале на аеродромот во Истанбул
-
СЗДСМ – Сите лица со дијабет тип 1 да имаат инсулински пумпи!
-
Претседателката: Обиди за бришење на македонскиот јазик во различни форми