Пензиите за јуни ќе се исплатат предвреме почнувајќи од овој петок
Пензиите за јуни ќе се исплатат предвреме почнувајќи од 26 јуни 2020 во четири групи.
Владата денеска на седница ја разгледа информацијата за исплата на пензиите со утврден распоред за исплата на пензиите за јуни, со цел да се избегне ризикот од КОВИД-19, според која сите банки дале согласност јунските пензии да бидат предвреме процесуирани за готовинска исплата во четири групи (денови) почнувајќи од 26.06.2020 година, како и согласност безготовинската исплата да се овозможи од 26.06.2020 година, односно јунските пензии да се користат преку банкомати и во трговска мрежа од 26.06.2020 година.
За оваа цел, како што наведуваат во соопштението од владината прес-служба, потребно е Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Македонија да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 25 јуни 2020 година, а деловните банки од 26 јуни 2020 година да обезбедат пензионерите со јунските пензии да може да располагаат преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа.
Готовинската исплата на пензиите, за клиентите кои не користат картички, според постигната согласност од банките ќе се спроведе во четири групи, односно денови во сите отворени филијали и експозитури на банките, согласно следниот распоред:
– За пензии со висина до 11.000 денари, исплата да се изврши на 26.6.2020 година (петок),
– За пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се изврши на 29.6.2020 година (понеделник),
– За пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплатата да се изврши на 30.06.2020 година (вторник) и
– За пензии со висина над 18.001 денари, исплата да се изврши на 01.7.2020 година (среда).
Ново на Сител
-

Вчера констатирани 140 прекршоци, осум кривични пријави за возачи на велосипеди, мопеди и мотоцикли
-

Во одредени делови од земјата појава на град, пороен дожд, засилен ветер и грмежи
-

Ангелов: Мирисот на чад во Скопје доаѓа од пожарот на планината Жеден
-

Клековски: Досега потврдени вкупно 44 случаи на западнонилска треска, отпуштени од Клиниката 21 пациент
-

Иран повторно ја предупреди Бугарија
-

Герасимовски: Подготвени сме за 1 септември и за пречек на нашите првачиња
-

Ангелов: Најкомплексен за гасење е пожарот којшто сега гори на планината Китка, во моментов пет активни пожари
-

АХВ спречи увоз на над 27,5 тони млеко од Косово поради зголемено присуство на афлатоксин
