Свет
7. April 2017 - 8:50

Пентагон: Врз сириска воена база испукани 59 ракети „Томахавк“

Педесет и девет ракети Томахавк се испукани ноќеска од два воени брода на армијата на САД врз сириски воен аеродром и други цели, соопшти Пентагон.

- Тие ракети беа насочени кон авиони, зони со нафтени и логистички складишта, бункери за муниција, системи за ПВО и радари, изјави портпаролот на Пентагон, Џеф Дејвис. зш/сп/07:47