Пентагон тестираше компоненти за хиперсонично оружје
Американската морнарица и армија истрелаа проектил од лансирна рампа во Вирџинија за да извршат околу десетина експерименти со хиперсонично оружје, соопшти Пентагон.
Британските медиуми пренесуваат дека Пентагон тестот го оцени за успешен и изјави дека неговата цел била да се помогне во развојот на новата класа оружје.
Ракетата беше лансирана од НАСА Центарот за лансирање ракети на островот Валопс, во Вирџинија.
Хиперсоничните оружја се лансираат од ракета во горните слоеви на атмосферата, а потоа на пат до целта достигнуваат брзина пет пати поголема од брзината на звукот, поточно околу 6.200 километри на час.
САД и нивните ривали ја забрзаа трката за развој на хиперсоничното оружје како нова генерација на оружје што на противниците им го намалува времето за реакција.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Поволни услови за кредит за лицата кои прв пат ќе купуваат стан
-
СДСМ: Орце Ѓорѓиевски не нуди решение за дивоградбите
-
Сите штипски основни училишта побараа од Советот да формираат паралелки со ученици под законскиот минимум
-
Дрвокрадците не запираат
-
ДЗР: Владата има застарен софтвер
-
Тема на денот со Марко Трошановски, претседател на ИДСЦС
-
8-дневен притвор за насилникот што влета на терен - синот исклучен од ФФМ