-->
-->
Пентагон: Остануваме во Сирија
-->
Американскиот контингент останува во Сирија затоа што, според Вашингтон, терористичката закана се уште не е елиминирана. Тоа го објави синоќа портпаролот на Пентагон Џон Кирби.
„Ништо не се смени во нашата мисија во Сирија, што се однесува на операции против ИД”. Запрашан дали американскиот контингент ќе остане до целосна мировна спогодба во Сирија, портпаролот рече дека „САД се на сириско тло за да се спротивстават на ИД. “
„Американската војска не е вклучена во други големи акции во Сирија поврзани со граѓанската војна. Тие се борат против ИД и на крајот останува на врховниот командант да одлучи колку долго ќе бидат таму”, додаде Кирби, според соопштение од брифингот.
Портпарол на Пентагон изјави дека за понатамошно присуство може да се суди според сериозноста на заканата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Силно невреме ја зафати Хрватска | ВИДЕО
-
Скопјани нападнале и ограбиле маж на Камени мост
-
52 годишен скопјанец со пиштол и нож ограбил продавница, при бегање паднал и завршил во болница
-
Кривична пријава за родители од Штип - Ги заклучиле децата во автомобил и отишле во казино
-
Полицаец и германски политичар избодени со нож сред плоштад во Мајнхајм, Германија | ВИДЕО
-
Пад од 1,2 проценти на индустриското производство во април
-
Поскапени поштенските и курирските услуги
-
Хоспитализирани нови четири лица со голема кашлица, вкупно 661 случај во државава