Пентагон: Групата „Вагнер“ е малку вклучена во борбите во Украина
Платениците на руската паравоена група „Вагнер“ веќе не учествуваат во поголеми размери во борбените операции во Украина, соопшти доцна синоќа Пентагон.
-Во овој момент, не гледаме дека силите на „Вагнер“ учествуваат во големите борбени операции во Украина, изјави портпаролот на Пентагон, Пет Рајдер.
Меѓутоа, две недели по неуспешниот бунт на ова аплатеничка групата во Русија, американските власти веруваат дека повеќето од членовите на „Вагнер“ се уште се во областите окупирани од Русија во Украина.
Паравоена група која одигра клучна улога во руската инвазија врз Украина кон крајот на јуни се обиде да го собори руското воено раководство со државен удар, што тргна од Ростов на Дон.
Водачот на „Вагнер“, Евгениј Пригожин изјави дека бунтот немал за цел да ја собори владата, туку бил насочен кон Генералштабот на руската армија, што го обвини за неспособност во конфликтот во Украина.
Бунтот заврши во текот на денот, вечерта на 24 јуни, со договор што предвидува заминување на Пригожин во Белорусија.
Рускиот претседател Владимир Путин на неговите борци им понуди да се приклучат во редовните вооружени сили, да одат во Белорусија или да се вратат во цивилниот живот.
Руската војска неодамна објави дека со разоружувањето на „Вагнеровците“ добила повеќе од 2. 000 парчиња воена опрема, 2. 500 тони муниција и 20. 000 лесно оружје.
Ново на Сител
-
Анализа: Колку се сериозни заканите од ДУИ и дали коалицијата е пред распад?
-
Тема на денот со Цветан Трипуновски, министер за земјоделство
-
Прв говор на Трамп пред Конгерсот, аплаузи и скандирања
-
Опозицијата ја бојкотира денешната седница, инцидентите во српскиот парламент ќе ги расветлува обвинителството
-
Мицкоски не се видел со Груевски во Будимпешта, ќарот од Унгарија е милјарда евра
-
Мицкоски: Ни го распродаде македонскиот јазик, а сега се зборува за албанскиот
-
10-годишно дете заврши на хирургија, откако врз него паднала гранка од дрво
-
Судот не прифати застареност на делото за аудито на Мерко