Пентагон го отфрли предлогот на Русија за заеднички воздушни напади во Сирија

САД го отфрли предлогот на Русија за изведување заеднички воздушни напади во Сирија, јави БТА.
Портпаролот на Пентагон Џеф Дејвис истакна, дека Вашингтон и Москва не сакаат да соработуваат во воениот план за Сирија.
- Ние не соработуваме и не сакаме да ги координираме заедно со Русите воените операции во Сирија, нагласи Дејвис.
Претходно денеска, Русија упати предлог до коалицијата предводена од САД, заедно, со руските сили на 25 мај да започнат воздушни напади во Сирија кои би ги имале за цел Нусра фронтот и други бунтовници кои не го почитуваат прекинот на огнот на таа земја.
Оваа изјава ја даде денеска рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу кој го изнесе предлогот на Москва со овие напади да бидат опфатени конвои на оружје, вклучувајќи ги и они кои стигнуваат во Сирија од Турција.
Шојгу наведе дека предлогот е направен во координација со сириската влада и дека за него, во јорданскиот главен град Аман, е разговарано со американските воени експерти.
Ново на Сител
-

Маѓар ги најави приоритетите
-

Падот на Орбан нова страница со Брисел
-

Какви промени носи падот на Орбан?
-

МВР трага по лицата кои се обидоа да ја запалат синагогата во Скопје
-

Скок на цената на нафтата за над 7%, утре нова цена на горивата и кај нас
-

Временските услови го зголемија бројот на мозочни удари
-

Лани над 800 сообраќајни несреќи со пешаци, 22 лица го загубија животот
-

Питачењето како феномен за кој се бара решение
