Пенс: Трамп размислува за пресеелување на амбасадата од Тел Авив во Ерусалим
- Американскиот потпретседател Мајк Пенс денеска изјави дека претседателот Доналд Трамп активно размислува кога и како да ја премести амбасадата на САД во Израел од Тел Авив во Ерусалим.
Трамп вети дека ќе го стори овој потег и со тоа ќе го признае Ерусалим како главен град на Израел, но се уште не донел дефинитивната одлука.
Палестинците, арапските земји и други држави протестираат против таа одлука, велејќи дека статусот на Ерусалим треба да реши при евентуалниот мировен договор меѓу Израелците и Палестинците.
Се претпоставува дека таквата одлука би предизвикала масовни протести на Палестинците и реакции од арапските држави.
Пенс се обрати на свеченоста организирана од израелската мисија во Обединетите нации по повод 70-годишнината од гласањето во ОН за поделба на Британската Мандатна Територија Палестина и создавање на посебна израелска и арапска држава.
Пенс ќе го посети Израел во декември, а за Трамп, Израел беше втората држава што ја посети во неговиот мандат.
Ново на Сител
-
Хрватска ќе уништи речиси 12.000 свињи поради африканска чума
-
Скопјанец ја нападнал својата мајка во семејниот дом барајќи и пари
-
Орбан: Ако Украина влезе во ЕУ, и војната ќе дојде со неа
-
Еди Рама сè уште не добил честитки од косовските лидери за четвртиот премиерски мандат
-
ДИК: Потврдени 303 листи за градоначалник на општините и на Град Скопје
-
Франција заплени 1,5 тони кокаин вреден 36 милиони евра
-
За секој освоен глас на парламентарните избори, политичките партии во Албанија ќе добијат по 94 лека
-
Во Брисел утре претставување на кандидатите за наградата „Сахаров“, студентите кои ги предводат протестите во Србија се едни од предложените