Пенс: Русија е „непредвидлива земја“, која сака да го дестабилизира Балканот
Американскиот заменик-претседател Мајк Пенс ја нарече Русија „непредвидлива земја“, која сака да го дестабилизира регионот на Балканот.
- Како што добро знаете Русија продолжува да се обидува насилно да ги прекројува меѓународните граници, а тука во Западен Балкан, Русија вложува напори да го дестабилизира регионот, поткопувајќи ги вашите демократии и се обидува да ве раздели еден од друг и од останатиот дел од Европа, рече Пенс на самитот на земјите потписнички на Јадранската повелба во Подгорица.
Тој нагласи дека Москва планирала обид за преврат во Црна Гора во октомври за да го спречи пруклучувањето на земјата кон НАТО. Русија демантира дека е вмешана, а Црна Гора во јуни стана членка на Алијансата.
- Плановите на Русија беа откриени, кога агенти поддржани од Москва се обидоа да ги спречат изборите во Црна Гора, да го нападнат вашиот Парламент и дури се обидоа да го убијат вашиот премиер, за да го разубедат црногорскиот народ да влезе во Алијансата, изјави заменик-претседателот на САД.
Ново на Сител
-
МВР откри терористичка ќелија која организирала напади во Македонија и регионот
-
Политички кризи предизвик за новинарите
-
Интеграциите во НАТО низ призма на новинарите
-
Патот на Македонија кон ЕУ низ призмата на Сител
-
Трагедии, храброст и вистина низ призмата на новинарството
-
Регионалните кризи - посебен новинарски предизвик
-
Новинарството под маски и визири во Ковид кризата
-
Од битка за срце до зумба часови - хуманата страна на новинарството