Пенс: Историјата ќе го повика Доналд Трамп на одговорност
Поранешниот потпретседел на САД Мајк Пенс повторно го критикуваше својот поранешен шеф, претседателот Доналд Трамп, a во врска со нападот на Капитолот на 6 јануари 2021 година.
-Историјата ќе го повика Доналд Трамп на одговорност, изјави тој викендов за време на собир на политичарите и медиумските првенци во Вашингтон.
-Туристите не повредуваат 140 полицајци кога доаѓаат во посета (на Капиталот), изјави Пенс, алудирајќи на извештаите во конзервативните медиуми како „Фок њуз“, каде се релативизира 6 јануари и се емитуваат нови снимки од настанот да се укаже дека протестите биле мирни.
Новиот спикер на Претставничкиот дом, Кевин Макарти, даде увид во илјадници часови видео снимки од нападот на водителот Такер Карлсон, кој во својата емисија емитуваше избрани моменти.
-Туристите не ги кршат вратите да дојдат до спикерот на домот или да се закануваат на официјални лица, изјави Пенс.
Неговите изјави доаѓаат во време кога тој најверојано ќе поднесе кандидатура за номинација за претседателски кандидат од републиканците, на следните претседатески избри закажани за ноември 2024 година.
Ново на Сител
-

Универзитетот Оксфорд развива вакцина против ебола за справување со епидемијата
-

Предложен притвор за косовски државјанин за тешката сообраќајна несреќа на скопската обиколница
-

Променливо облачно и нестабилно, со пороен дожд, грмежи и северен ветер
-

Сиљановска Давкова: Приоритет за нас остануваат правата на Македонците во Бугарија
-

Сиљановска-Давкова: Безбедноста е на највисоко ниво, нема логичен основ за шпионажа
-

Во израелските напади во Либан за 2,5 месеци загинале 3.111 луѓе
-

Рубио изјави дека на сојузниците им треба „План Б“ доколку Иран ја држи затворена Ормуската Теснина
-

Јанез Јанша избран за премиер на Словенија
