Пенс: Иднината на Западниот Балкан е на Запад
Идината на Западниот Балкан е на Запад, изјави денеска во Подгорица американскиот потпретседател Мајк Пенс и најави дека ќе работи на врската помеѓу ЕУ, Балканот и САД.
Пенс на заедничката прес-конференција со црногорскиот премиер Душко Марковиќ изјави дека неговата посета на Црна Гора ја потврдува поддршката на САД на регионот.
- Влезот на Црна Гора во НАТО е историски успех и ја покажува силата на оваа земја само десет години по обновата на независноста. НАТО се состои од големи и мали држави, но САД немаат мали сојузници и ние го цениме нашето ново сојузништво во НАТО, истакна Пенс.
Тој рече и дека иднината на регионот е на запад.
- Верувам дека иднината на Западниот Балкан е на запад и се радувам што ќе работиме на јакнење на врската помеѓу ЕУ, Балканот и САД, нагласи Пенс.
Американскиот потпретседател Пенс кој вчера допатува во дводневна посета на Црна Гора денеска ќе учествува на Самитот на Јадранската повелба. Домаќини на собирот се Црна Гора и Македонија која моментно претседава со Јадранската повелба.
На собирот покрај домаќинот црногорскиот премиер Марковиќ и македонскиот премиер Зоран Заев присуствуваат и премиерите на Хрватска, Андреј Пленковиќ, на Албанија, Еди Рама, на БиХ, Денис Звиздиќ, српската премиерка Ана Брнабиќ и претседателот на Косово Хашим Тачи.
Тема на Самитот се евроатлантските процеси во регионот, јакнење на реформите и улогата и придонесот на Јадранската повелба кон регионалната и глобалната безбедност. На Самитот се предвидени повеќе билатерални средби.
Ново на Сител
-
Благодатниот оган се спушти во храмот над Светиот гроб во Ерусалим
-
Серафимов: Цената на месото не е зголемена за Велигден
-
Вучиќ: Тајван е Кина и точка
-
Одбележување на годишнината од масовното убиство во Мало Орашје и Дубона
-
Во Пустец откриена спомен-биста на Гоце Делчев
-
Во црквата „Св. Спас“ одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Тешка сообраќајка во Прилеп: Се судриле камион и мопед, возачот на камионот избегал
-
Нова авиолинија Скопје-Рига-Скопје