Пендиков: Не се плашам, ама не е убаво чувството да добивате по 20, 30 смртни закани
Христијан Пендиков денеска за првпат се врати во својот град после претепувањето на 19-ти јануари, при што присустуваше на судското рочиште во Охридскиот суд. Во изјава за медиумите, тој порача дека во моментов е подобар.
-Имам се уште прегледи што ми следуваат заради тоа што имам два пукнати пршлени и се надевам дека ќе можам да патувам на 12-ти јули. Сакам да го остварам моето право и да присуствувам, рече Пендиков околу тоа дали ќе присуствува на следното судско рочиште.
Беше запрашан дали стравува за тоа што во моментов се наоѓа во Охрид, на што одговори:
-Лично не се плашам што сум во Охрид, но не е убаво чувството да добивате по 20-30 смртни закани и пцуење на Фејсбук, Месинџер и на се што може да постои и да се чита по коментари, кажа кратко Пендиков.
Ново на Сител
-
Историски најниска излезност на локалните избори – Во прв круг избрани 44 градоначалници
-
Кандидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ за Прилеп прогласи убедлива победа во првиот круг
-
Убедлива победа во Охрид
-
Убедлива победа во Струмица
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот: Каква е статистичката слика за локалните избори
-
Три нови уролошки процедури
-
Преглед на вестите од светот