Пендаровски, Заев и Џафери на прием кај поглаварот на МПЦ-ОА, г.г. Стефан
Претседателот на Собранието, Талат Џафери на покана на поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, г.г. Стефан, присуствуваше на приемот, што се приредува редовно по повод божиќните празници и неговиот именден – празникот на архиѓакон и првомаченик Св.Стефан.
На божиќната трпеза, соопштија од Кабинетот на Џафери, присуствуваше државниот врв, односно претседателот на државата, Стево Пендаровски и претседателот на Владата, Зоран Заев.
-Приемот се одвиваше под строго почитување на протоколите за заштита од Ковид-19 и затоа беше без присуство на медиуми. На приемот, Џафери, како и другите поканети, заедно со упатените честитки за лично здравје на г. г. Стефан и уште долго вршење на светата мисија на поглавар на православната заедница во државава, заедно посакаа во Новата 2021 година, да има подобро здравје за сите граѓани, личен и колективен напредок, мир, благосостојба и успешно надминување на пречките кои се испречуваат на евроинтеграцискиот пат на Република Македонија, стои во соопштението.
Ново на Сител
-

Измените на Изборниот законик остануваат блокирани во Собранието
-

Ново судење за Пулс - се читаат пораки од телефонот на газдата на дискотеката, Деко
-

Грант од ЕБОР за изградба на автопатот Скопје-Блаце
-

Неопходна е поголема државна поддршка за спас на земјоделството од климатските промени
-

Антибиотиците ја губат силата, антимикробна резистентност
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Горан Ѓорѓиевски, претседател на ССК
-

Преговорите за Изборниот законик пред пропаст
