Пендаровски: Заедно да работиме за одржливо користење и заштита на водата
Претседателот Стево Пендаровски се приклучи кон кампањата за застапување и лобирање „Разбистри сѐ“ за одржливо користење и заштита на водите која ќе трае во текот на 2021 година.
-Бистро, чисто и јасно за незагадена природа, чиста вода за пиење и јасна поделба на надлежностите и преземање на одговорност да ги заштитиме нашите води. Заедно да работиме за да придонесеме кон одржливо користење и заштита на водата и за ефикасен надзор врз искористувањето на природните ресурси, напиша Пендаровски на својот фејсбук-профил.
Претходно, организаторите на кампањата и герила, соопштија дека покрај претседателот Пендаровски кон гелира акциите се приклучуваат голем број граѓански активисти, новинари, професори, невладини организации и медиуми, кои ја поддржаа кампањата „Разбистри сѐ“, кои објавувале апели за порационално користење на водата, спречување на загадувањето на реките, сузбивање на коруптивните практики при управувањето со природните ресурси, како и за поголема ефикасност на инспекциските органи.
-Водата во Македонија не ја добива потребната заштита и не се користи рационално, а сите граѓани немаат пристап до здравствено исправна вода за пиење и санитарни услови. Одговорните институции немаат капацитет и опрема за спроведување на Законот за води и не се одвојуваат доволно пари од државниот буџет. Континуираното експлоатирање и уништување на водните ресурси се должи и на нискиот степен на казнивост на загадувачите, велат организаторите на кампањата.
Кампањата за застапување и лобирање „Разбистри сѐ“ која ќе трае во текот на 2021 година, ќе се фокусира токму на овие проблеми и нејзината цел е да го зголеми влијанието за носење или промени на јавните политики. Кампањата се реализира како дел од проектот „Поврзи ги точките: подобрени политики преку граѓанско учество“, кој е финансиран од Британската амбасада во Скопје.
Ново на Сител
-

Трамп најави можност за повлекување на американските трупи од Италија и Шпанија
-

За продолжениот викенд автобусите на ЈСП ќе сообраќаат по неделен возен ред
-

Посебен режим на сообраќај во Скопје
-

Променливо облачно и посвежо, до 16 степени
-

Славески: Подготвени сме да одговориме на ризиците и да ја зачуваме финансиската стабилност
-

Мицкоски: Никогаш нема да поддржам повеќејазичност во правосудството
-

Унгарската „Електробус - Икарус" и австриската ЕВН ги исполниле условите за набавка на автобуси и полначи
-

Масар Омерагиќ на Конгрес на FIFA во Ванкувер
