Македонија
23. March 2024 - 12:38

Пендаровски за нападот во Москва: Сочувство до сите кои ги загубија најблиските

Актуелниот шеф на државата, Стево Пендаровски го осуди синоќешниот терористички напад во Москва, во кој според последните информации, животот го загубија 93 луѓе.

-Најостро го осудувам терористичкиот напад врз цивили во „Крокус Сити Хол“ во Москва. 

Искрено сочувство до фамилиите на тие кои ги загубија најблиските. Им посакувам брзо закрепнување на повредените, вели Пендаровски.