Пендаровски во Њујорк на средба со Јури Ким и Џим O'Брајан од американскиот Стејт Департмент
Претседателот Стево Пендаровски денеска во Њујорк, на маргините на 78. Генерално собрание на Обединетите нации, се сретна со Јури Ким, заменик помошник државен секретар за Европа и Евроазија и Џим O'Брајан, раководител на Канцеларијата за координација на санкции при американскиот Стејт Департмент.
На средбата, како што соопштија од Кабинетот на претседателот, се разговарало за актуелните состојби поврзани со европските интеграции на државава, за реформскиот напредок, како и за политичките состојби во земјава и во регионот. Соговорниците се согласиле дека е потребно да се одржи фокусот на реформите, како и на подготвеноста за водење на преговорите со Европската Унија.
-На средбата беа потврдени одличните билатерални односи меѓу Соединетите Американски Држави и Република Северна Македонија, при што претседателот Пендаровски се заблагодари на американската поддршка за членството на Северна Македонија во ЕУ како стратешка определба на македонското општество, стои во соопштението.
Ново на Сител
-

Москва ја поздрави одлуката на Трамп за укинување на пакетот санкции против Русија
-

Приведени две лица поради нелегална сеча на дрва
-

Акциска контрола за брзо возење – за шест часа констатиран 541 прекршок
-

АХВ заплени и уништи еден тон пилешки желудник
-

Демонстрантите во Тирана се судрија со полицијата - оштетени јавни објекти и инфраструктура
-

Трамп го укина пакетот санкции против Русија содржани во „Законот на Линдзи Греам“
-

„Гугл“ го одбил барањето на Трамп - Атлантскиот или Тихиот Океан да бидат преименувани во „Океан Трамп“
-

Спелеонуркачкиот клуб „Врело“ ќе ги соопшти деталите за трите нови светски рекорди на Матка
