Пендаровски во Њујорк ја одликуваше Организацијата на ОН со Орден на Република Северна Македонија
Претседателот Стево Пендаровски, во рамки на учеството на Генералното собрание на ОН, вчера попладне во Њујорк ја одликуваше Организацијата на Обединетите Нации со Орден на Република Северна Македонија.
Како што соопшти Кабинетот на претседателот, Пендаровски му го врачи одликувањето на генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш кое се доделува за големата помош и поддршка на ОН при справувањето со последиците од катастрофалниот скопски земјотрес и за непроценливиот придонес за обновата на градот Скопје, којшто прерасна во град на солидарноста и вистински симбол на пријателството меѓу народите.
Пендаровски оствари и средба со генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш на која се разговараше за севкупните активности на Република Северна Македонија во рамки на Обединетите Нации, како и за улогата на организацијата во справувањето со глобалните предизвици.
Претседателот се заблагодари за посветеноста на ОН во нашата земја и изрази очекување соработката во иднина да продолжи со зголемен интензитет. Тој нагласи дека континуираниот ангажман на ОН во Северна Македонија придонесува за зајакнување на капацитетот на земјата во клучните сектори за развој на македонското општество, стои во соопштението.
На средбата беа разменети мислења и информации за текот на нашите евроинтеграции, за актуелната политичка и безбедносна состојба во регионот, како и за руската воена агресија врз Украина. Пендаровски ја истакна нашата силна заложба и посветеност за јакнење на улогата на ОН во справувањето со глобалните предизвици.
Ново на Сител
-

Малолетник тешко повреден во сообраќајка помеѓу два мопеди
-

Кривична за полицаец кој малтретирал приведено лице во градски парк
-

Курти гаѓан со јајца – хаос во Собранието на Косово
-

Внимавајте: МВР и ROADPOL со засилени контроли на патиштата викендов | ВИДЕО
-

СВР Битола лиши од слобода две лица за подметнување пожари на отворен простор
-

Ангелов: Активни се два пожара на отворен простор, состојбата со водата во Гостивар се подобрува
-

Левица: 25 години Карпалак - 25 години без правда за бранителите
-

Мисајловски за 25-годишнината од загинувањето на бранителите кај Карпалак: Нивната верба во татковината е наша водилка да продолжиме да ги чуваме националните интереси
