Пендаровски во Малме на средба со шведскиот премиер Лофвен
Претседателот на државата Стево Пендаровски, кој престојува во работна посета на Кралството Шведска, денеска во Малме, ќе оствари средба со шведскиот премиер Стефан Лофвен, додека во Гетеборг ќе се сретне со претставници на Македонскиот сојуз во Шведска.
Како што е најавено, утре во Стокхолм, претседателот Пендаровски ќе оствари средба со претседателот на Парламентот на Шведска (Риксдаг), Андреас Норлен, со дел од членовите на комисијата за надворешни работи, комисијата за европски прашања, претседателот на групата за пријателство на Парламентот на Шведска со Собранието на Македонија и претседавачот и членови на Управувачката група на соработката за демократски развој со Македонија.
Во Малме вчера Пендаровски се обрати на Меѓународниот форум за сеќавање на Холокаустот и борба против антисемитизмот “REMEMBER – REACT”, на сесијата „Зачувување на сведоштва и развој на образование за иднината“.
Предвидено е претседателот Пендаровски да оствари средба со министерката за надворешни работи на Кралството Шведска, Ан Линде и со претставници на Шведската агенција за меѓународна соработка и развој (СИДА).
За време на работната посета, се наведува во соопштението од Кабинтетот на претседателот на државата, во Стокхолм, Пендаровски ќе ја посети Нобеловата фондација и ќе оствари средба со претставници на водечки политички фондации и институти.
Предвидено е претседателот на државата Пендаровски да оствари средба и со шведскиот дипломат Карл Билд.
Ново на Сител
-
Мирот во Украина изгледа подалеку по телефонскиот разговор на Трамп со Путин
-
Привремено деблокиран судот во Нови Сад
-
Јамал добива нов договор и бројот 10
-
Повеќе од 160 загинати и 234 исчезнати мигранти на медитеранската рута од почетокот на годинава
-
Запален автомобил на политичар во Битола, огнот зафатил уште две возила | ФОТО
-
Русија ослободи нафтен танкер откако го задржа во Балтичкото Море
-
Во Кина измерени рекордни над 40 степени
-
Приведен 21-годишен крадец од радовишко