Пендаровски: Советот за безбедност во четврток ќе одлучува за продолжување на вонредната состојба
Претседателот Стево Пендаровски смета дека ќе се прогласат нови 30 денови вонредна состојба, со оглед на состојбите до денес. Сепак одлуката ќе се донесе во четврток на состанок на Советот за безбедност кога изминуваат првите 30 денови од прогласувањето на вонредната состојба.
-Шансите се извесни и големи да се прогласат нови 30 дена вонредна состојба бидејќи внатрешните состојби кои не ескалираат но не се значително редуцирани се уште побаруваат ваков тип ангажман од сите надлежни иснтитуции и ваков тип на состојба. Првпат вонредна состојба прогласивме во 30 години независна држава меѓутоа првпат и во светот се случуваат некои работи поврзани со пандемија на вирусот. Така, ако денес ги имам тие информации што се од надлежните институции, ако денес ме прашувате за одлука таа ќе биде во насока да се прогласат нови 30 денови, истакна претседателот Стево Пендаровски од Тетово.
Тој ги посети армиските единици во касарната „Кузман Јосифовски Питу“ во Тетово, како и локалниот кризен штаб во општина Тетово.
-Главна работа е како да направиме подобра синхронизација меѓу локалната самоуправа и Армијата чии припадници се вклучени во посебни задачи во услови на кризна состојба како во Дебар и Центар Жупа каде деескализира сосотојбата. Припадниците на Армијата кои беа на влезовите се повлечени на други локации. Освен тоа учествуваат во поддршка на МВР во дистрибуција на храна и лекови до загрозени, специјални единици во дезинфекција со оглед на ресурсите кои ги имаат дадени на општинските власти, истакна Пендаровски.
Ново на Сител
-

Во Калишта пронајдена неексплодирана артилериска граната
-

Тешка сообраќајна несреќа на ул.„Борис Трајковски“, едно лице загинато, а три лица се здобиле со тешки повреди
-

Тешко повредени две малолетнички, паднале од електричен тротинет
-

Анкета: Повеќето Германци би поддржале воведување задолжителна воена служба
-

Вучиќ на седница на српската Влада: Решение за НИС мора да има за седум денови
-

Канаѓанка ја тужи ЦИА поради „тајни експерименти“ во болница
-

УХМР најавува нестабилно време, од вторник дожд и силен ветер
-

Сиљановска-Давкова на свечената академија по повод 100 години „Љуботен“: Во предметот Физичко образование да вклучиме и планинарење
