Пендаровски: Со Србија споделуваме заедничко минато и се стремиме кон иста цел

Пријателството со Србија во иднина очекувам да го градиме уште поинтензивно бидејќи споделуваме заедничко минато и се стремиме кон иста цел – членство во ЕУ. За нашите стратешки цели денеска имав корисен разговор со претседателот на Србија, Вучиќ. Европската Унија не смее да го изостави Западен Балкан. Единствената гаранција за стабилност, сигурност и просперитет за регионот е членство во ЕУ, напиша претседателот Стево Пендаровски на својот Фејсбук профил по денешната тет-а-тет средба со српскиот претседател Александар Вучиќ во Белград.
Претседателот Пендаровски кој престојува во дводневна официјална посета на Србија, претпладнето беше пречекан од Вучиќ пред Палатата Србија во Белград со највисоки државни и воени почести.
Двајцата претседатели има тет-а-тет средба, на која ги потврдиле пријателските односи меѓу Република Македонија и Република Србија и ја потенцирале важноста и посветеноста на градењето, одржувањето и унапредување на меѓусебниот дијалог.
По средбата на двајцата претседатели, се одржи и пленарен состанок меѓу делегациите на Република Македонија и на Република Србија, по што ќе следува и заедничка пре-конференција на претседателите.
Во рамки на официјалната посета, претседателот Пендаровски ќе се сретне и српската премиерка Ана Брнабиќ, со претседателката на Народното собрание, Маја Гојковиќ, како и со претседателот на Стопанската комора на Србија, Марко Чадеж и стопанственици.
Пендаровски утре во Нови Сад ќе учествува на 4. Регионален младински форум и ќе се обрати на претседателската панел-дискусија „Обраќање на младите пред претставниците на влаcта: презентирање на политичкиот дијалог пред милениумците“, заедно со претседателот на Република Србија Александар Вучиќ и претседателот на Република Словенија Борут Пахор.
Ново на Сител
-

ДИК со првични официјални резултати: Радичевски од ВМРО-ДПМНЕ прв со 2945 гласови, втор Јахиј од НАИ со 2152 гласа
-

Политички реакции по првиот круг во Брвеница
-

МНР: Навредливи и провокативни се изјавите на Демерџиев и Радуков за Ива Михаилова
-

Правосуден испит на албански или нови протести
-

Отказ за административците ако 2 години се негативно оценети
-

Нови цени на горивата
-

АХВ продолжува со вонредните инспекциски контроли на зелените пазари - запленети уште 5 тони небезбедна храна
-

Преглед на вестите од светот
