Пендаровски: Смирена реториката на Софија, „темата Македонија“ повеќе не е меѓу приоритетните
Можам да забележам дека во изминатите неколку месеци е прилично смирена реториката која доаѓа од Софија кон Скопје. Бугарите утре имаат парламентарни избори и јас сум задоволен дека „темата Македонија“ повеќе не е меѓу приоритетните, изјави претседателот на државата Стево Пендаровски од Софија.
За жал, како што рече претседателот, тоа не беше така во изминатите две години, кога „имало или немало избори, особено некои политички субјекти и некои политичари, прилично ја користеа за добивање политички поени“.
Тој посочи дека во четвртата година од својот мандат првпат ја посетува Бугарија, дошол на покана на бугарскиот претседател Румен Радев за да разговараат за енергетската криза во присуство на претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен. Не би прифатил средба, рече, ако темата била од некој минат век.
– Можам да забележам дека во изминатите неколку месеци е прилично смирена реториката која доаѓа од Софија кон Скопје во оваа смисла. Моите неколку разговори со претседателот Радев, додуша не на директно или чисто политички теми, го покажуваат истото и го имам истиот тој впечаток. И тоа конечно и му го соопштив на претседателот Радев во првите минути од рагзоворот. Му реков: Претседателе, да ме викавте да дојдам во Софија за да разговарам за Цар Самоил немаше да дојдам никогаш. Бидејќи ме викате за една ваква тема, која е тема на 21 век, не на 10-ти, 15-ти или 19 век, изјави Пендаровски.
Ново на Сител
-
Нетанјаху најави дека Израел ќе продолжи со нападите врз Хезболах во Либан
-
Променливо облачно и топло, попладне во северните делови локален дожд
-
Изгаснат пожар во стан од зграда во централното градско подрачје во Куманово
-
Затвореник нападнал и силувал друг затвореник во Идризово
-
Двајца вработени на УНХЦР загинаа во израелските напади врз Либан
-
Полицијата најде младо починато момче во Скопје
-
Владата ги укина лиценците за интернет игри на среќа
-
Министерот Мисајловски во Вашингтон на билатерални одбранбени консултации со САД