Пендаровски: Северна Македонија го поддржува дијалогот Белград-Приштина со посредство на ЕУ и САД
– Република Северна Македонија го поддржува дијалогот Белград-Приштина за изнаоѓање сеопфатно решение, со посредство на ЕУ и САД, истакна претседателот Стево Пендаровски на денешната средба со Глаук Коњуфца, претседател на Парламентот на Република Косово, кој престојува во посета на нашата земја.
На средбата, како што соопшти Кабинетот на Пендаровски, се разговараше за севкупните билатерални односи, со акцент на парламентарната соработка, при што двајцата соговорници изразија задоволство од динамиката и соработката меѓу Република Северна Македонија и Република Косово кои одржуваат позитивни и конструктивни односи, со отворен дијалог на сите нивоа и без отворени прашања.
-Соговорниците разговараа и за последните случувања во Косово при што претседателот Пендаровски повика на нормализирање на односите со што ќе се гарантира мирот, стабилноста, безбедноста и напредокот, како на нашите соседи, така и на целиот регион, се наведува во соопштението.
Во тој контекст, претседателот Пендаровски го реафирмираше ставот дека Република Северна Македонија го поддржува дијалогот Белград – Приштина за изнаоѓање сеопфатно решение, со посредство на ЕУ и САД.
На средбата, како што е наведено во соопштението, се разменија мислења и информации за состојбите во регионот при што се констатираше дека во контекст на новите геополитички предизвици предизвикани од војната во Украина, мирното решавање на отворените прашања на Западниот Балкан треба да биде апсолутен императив за сите.
Ново на Сител
-

Продолжува негативниот прираст - 1 005 помалку родени од умрени во второто тримесечје
-

Мицкоски: Донесовме одлука за намалување на цените на училишниот прибор за да го олесниме товарот врз семејниот буџет
-

Жена пронајдена почината во стан во Скопје
-

16-годишно девојче нападнато од нејзиниот 28-годишен партнер
-

Шестмесечно бебе донесено починато во Поликлиниката Драчево
-

Забраната за движење во шумите продолжена до 30 септември
-

АХВ потврди мртов гавран со вирус на западнонилска треска во Ресен
-

51-годишна Србинка „летала“ со 168 км/ч на патот Демир Капија – Гевгелија, уапсена на Табановце
