Пендаровски се сретна со делегација на Советот на амбасадори

Претседателот Стево Пендаровски денеска се сретна со делегација на Советот на амбасадори во чиј состав беа Љупчо Арсовски, Александра Наќева-Ружин, Мухамед Халили и Александар Тавчиовски.
Од кабинетот на претседателот информираат дека амбасадорите го информираа за нивните главни цели, за предизвиците на дипломатијата на Северна Македонија, како и за нивните досегашни активности во насока на успешно креирање и воспоставување на регионалната и меѓународна билатерална и мултилатерална политика, во контекст на ЕУ и НАТО интеграциите.
Пендаровски го поздрави формирањето на здружението и изрази увереност дека долгогодишното дипломатско искуство на членовите на Советот ќе даде значаен позитивен придонес во функционирањето на домашните институции во насока на дополнително зајакнување на надворешната политика.
На средбата соговорниците ја нагласија потребата сите политички чинители заеднички да работат на европската иднина на државата, преку конструктивен политички дијалог, во насока на намалување на поларизацијата во општеството, соопштуваат од кабинетот на шефот на државата.
Ново на Сител
-

Хегсет: Само што почнавме и ќе се бориме колку што е потребно
-

Без струја делови од Центар и Карпош
-

САД и Венецуела се согласија да ги обноват дипломатските односи
-

Пристигна првата група македонски државјани евакуирани од Израел
-

Европол: Зголемена закана од тероризам во Европската Унија поради конфликтот во Иран
-

Амбасадата на САД во Кувајт ја прекина работата
-

Пад на надворешнотрговската размена во јануари
-

Магла на неколку патни правци, во прекин товарниот сообраќај на ГП Деве Баир
