Пендаровски присуствуваше на одбележувањето на државниот празник Денот на Републиката во Крушево
Претседателот Стево Пендаровски, денеска чествуваше на манифестацијата во Крушево, по повод 2 Август, Илинден – Денот на Република Крушево. Пендаровски ја посети црквата „Св. Никола“ на панихидата за загинатите Илинденци и положи цвеќе на вечното почивалиште на првиот претседател на Крушевската Република, Никола Карев во споменикот „Македониум“ на Гумење.
Пред споменичниот комплекс беше одржан музичко-сценски настап со изведба на нумери од репертоарот на воениот оркестар на Армијата, како и изведба на воено-акробатска вежба Егзирцир од страна на припадниците на баталјонот за почести.
Претседателот положи цвеќе и пред споменикот на паднатите борци на Слива, симболот на самопожртвуваноста на македонските востаници во одбраната на Крушевската Република.
Со почеток во 18:00 часот, попладнево претседателот ќе присуствува на централната свеченост по повод 2 август – Денот на Републиката.
Ново на Сител
-
Најмалку тројца загинати, стотици ранети во нови експлозии во Либан
-
Исчезнато 45-годишно лице со здравствени проблеми од скопска Кисела Вода
-
Ограбена спортска обложувалница во Чаир
-
Драчевчанец споделувал експлицитни содржини од неговата малолетна девојка
-
Малолетник нападнат од повеќе лица во средно училиште во Бутел
-
Две лица намерно прегазиле и истепале жена во Тетово
-
19-годишник од Охрид приведен за кражба на мопед
-
Мисајловски и Агелер разговараа за претстојните билатерални консултации во областа на одбраната