Пендаровски: Пријателството со соседите носи економски развој и стабилност

Кандидатот за претседател Стево Пендаровски во видео обраќање до граѓаните ја коментира важноста на денешната посета на премиерот на Република Грција, Алексис Ципрас и градењето пријателства. Пендаровски смета дека посетата е од историско значење, дека придонесува за стабилност во регионот и побрз економски развој за нашата земја.
„Посетата на премиерот Ципрас со делегација од 70 компании е од историска важност за нашата земја. Новото пријателство кое го градиме меѓу двете земји, не само што ги стабилизра односите на Балканот, туку овозможуваат брз економски развој на нашата земјата. Денеска покажавме дека само со силна воља, лидерство и визија може да се прават големи чекори напред„ – вели Пендаровски во видеото.
Пендаровски вели дека вратата кон сигурна иднина е отворен и дека граѓантие на 21 април имаат можност да изберат дали ќе продолжиме напред кон подобар живот или ќе ја затвориме вратата и ќе останеме во истото место каде што сме застанати со години.
„Вратата кон сигурна иднина е отворена. Градиме мостови и пријателства со соседите, наскоро влегуваме во НАТО и започнуваме преговори со Европската унија. Можеме да избереме дали ќе продолжиме напред кон подобар живот за сите граѓани или ќе ја затвориме вратата и ќе останеме во истото место каде што сме со години. Верувам дека изборот на 21 ќе биде заедно да продолжиме напред!“
Денеска Пендаровски кампањата ја продолжува во скопско, ќе се сретне со жителите на Сопиште, Студеничани, Центар и Аеродром.
Ново на Сител
-

Цените на бакарот уриваат рекорди, соседите профитираат, а кај нас капацитетите остануваат под земја
-

Сушата ги зголеми трошоците на земјоделците во Струмичко
-

Мечки ги пустошат пчеларниците
-

Скулптурите од колонијата „Марко Цепенков - Дрен 2026″ ќе бидат поставени низ парковите во Прилеп
-

Русија го нападна родното место на Зеленски – Убиени најмалку 16 луѓе
-

Тема на денот со Венко Филипче, лидер на СДСМ
-

Филипче бара извинување од Мицкоски, премиерот ја нарече одлуката на обвинителството скандалозна
-

Опозицијата поделена по понудата за предвремени избори
