Пендаровски предупредува: Не е време за отворање на Уставот, реториката на историчарите е проблем
Во моментов Македонија не треба да посега по Уставот. Ова е ставот на претседателот Пендаровски, во однос на барањето од Бугарија за внес на македонските Бугари во преамбулата.
Промената на највисокиот правен акт веќе е на дневен ред, но за вака сензитивно прашање треба да постои апсолутен консензус кај сите политички партии, порача шефот на државата.
По завршувањето на седницата на Советот за безбедност, тој се осврна и на средбата со македонските здруженија од Бугарија. Пендаровски вели дека бил изненаден од реакцијата на бугарското МНР, бидејќи во средбата со ОМО Илинден немало ништо спорно.
На Македонците од Бугарија им порачал дека не може да им помогне во остварувањето на нивните права и за тоа ги упатил на меѓународните судови.
Пендаровски упати и совет до членовите на историската комисија, посебно на оние од Софија.
Инаку на седницата на Советот за безбедност било заклучено дека состојбата во Македонија е стабилна. Во однос на руско – украинската криза, пак, Пендаровски ги расчисти дилемите за присуство на македонска војска во евентуалниот воен конфликт, велејќи дека наши војници не би зеле учество во таквиот судир.
-
Горан Симоновски
Сите содржини од овој новинар
