Македонија
16. September 2023 - 16:12

Пендаровски: Предлози преку посредници беа упатени преку лица блиски до актуелната опозиција и поранешни политичари

„Во врска со наводите изнесени на денешната прес конференција на ВМРО-ДПМНЕ, информираме дека до претседателот Стево Пендаровски, во текот на оваа година, во два наврати, беа упатени предлози да размисли за помилување на одредени политичари или да поддржи донесување на закон за амнестија на актуелни и поранешни политичари.

Тие предлози, преку посредници, до претседателот Пендаровски беа упатени од политички и безбедносни структури кои се блиски до актуелната опозиција, како и од поранешни политичари“ се вели во соопштението од Кабинетот на Пендаровски.