Пендаровски: Нашето небо го чува НАТО

Ние сме предмет на пропагандана војна, лажни вести и хибридни напади, кои се зголемени на „енти-степен“ од почетокот на конфликтот во Украина, изјави вечерва претседателот Стево Пендаровски во интервју за емисијата „Том тема“.
– Од 2018 година, кога го организиравме референдумот за името, ние сме под постојан бараж на напади, кои во голем дел доаѓаат и од Русија, нагласи Пендаровски.
Тој потенцира дела американските разузнавачи уште на 5 ноември минатата година ги информирале највисоките органи на власта во земјава дека Русија ќе ја нападне Украина.
– Ја споделивме веднаш со институциите кои се под нас. Тоа беше на ниво на информација. Следниот месец, големите медиумски сервиси не веруваа во тоа, но кон крајот на декември, НАТО и ЕУ потврдија дека информацијата е точна. Без паника на населението, ние се апдејтиравме во армијата, а ресурсите на разузнавачката служба беа насочени кон истокот за од таму да добиеме некаква информација. Во делот на стоковите резерви ние не чекавме 24 февруари, туку обезбедивме до грам се што треба, додаде Пендаровски
Осврнувајќи се на инцидентот со падот на дронот во Хрватска, шефот на државата истакна дека НАТО води истрага за случајот и собира разузнавачки информации, но внимава да не се инволвира во конфликтот.
– Неспорно е дека е леталото е дојдено од Украина, но не знаеме кој точно тоа го испукал. Со оглед на тоа што во моментов не знаеме кој е господар во Украина. НАТО внимава многу за да не влезе во овој судир, за да не се соочи во конфликт со Русија, нагласи Пендаровски
Тој потенцира дека земјава не може да детектира таков дрон и не би можеле да го урнеме на време, додавајќи дека како држава членка на НАТО, нашето небо го обезбедуваат сојузниците од Алијансата.
– Системите за детектирање постојат, меѓутоа знаете дека нашето небо го обезбедуваат други држави со подобри системи. Сами за себе не можеме да го обезбедиме небо. Нашите ресурси се лимитирани, додаде Пендаровски.
Ново на Сител
-

Меси тренираше одделно
-

Атлетико Мадрид се вклучува во трка за потписот на Осимен
-

„Не можам да дишам“: Снимка од последните моменти на Хенри Новак предизвика гнев и протести во Британија
-

Кривична против Сашо Велковски, поранешен градоначалник на Свети Николе
-

Славески: Народната банка треба да добие механизми за ограничување на банкарските надоместоци
-

Американските власти открија тунел за трговија со дрога меѓу Мексико и САД
-

Во грчките градови Кожани и Агринио уапсени 13 лица за измами со европски земјоделски субвенции во висина од 2,5 милиони евра
-

Обвинителството ќе презентира нови материјални докази на судењето за пожарот во „Пулс“
