Пендаровски на Светскиот лидерски самит за климатски промени во Глазгов
Претседателот Стево Пендаровски денеска и утре во Глазгов ќе учествува на Светскиот лидерски самит во рамки на Конференцијата за климатски промени на Обединетите Нации (COP26).
Претседателот Пендаровски ќе присуствува на отворањето на самитот и ќе се обрати на пленарната сесија на собирот, а ќе присуствува и на приемот што за лидерите учесници на самитот ќе го приреди премиерот на Обединетото Кралство, Борис Џонсон, соопшти кабинетот на шеофт на државата.
Пендаровски ќе присуствува и на настанот со кој ќе се означи почетокот на глобалната заложба за метан, како иницијатива на претседателот на САД, Џозеф Бајден и претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лејен, како и на лидерскиот настан „Акција и солидарност – критичната деценија“, во организација на британскиот премиер Борис Џонсон.
За време на престојот, претседателот Пендаровски во Единбург ќе има средба со македонски студенти во Шкотска, стипендисти на Министерството за образование и наука и програмата Чивнинг.
Ново на Сител
-

Прекин на сообраќајот на патот Скопје – Куманово кај Хиподром поради излетано товарно моторно возило
-

Евростат: Грците и Бугарите се сметаат за субјективно најсиромашни во ЕУ
-

Никој не стави вето на предлогот за користење на замрзнатите руски средства за поддршка на Украина, тврди Кошта
-

Трамп ги суспендира трговските преговори со Канада поради реклама за царини
-

Битолчани поразени на гостувањето кај европскиот шампион
-

Мастерс турнир на нова локација
-

Многу критики за Синер по отказот во Дејвис купот
-

Неизвесен настапот на Де Јонг на „Ел Класико“
