Пендаровски на средба со коалиција „Менуваме“: Неприфатливо е да бидете маргинализирани
Претседателот на државата Стево Пендаровски со сопругата Елизабета Ѓоргиевска денеска остварија средба со активисти за правата на лицата со попреченост од коалицијата „МЕНУВАМЕ“ на која биле изложени барањата за подобрување на состојбата на овие лица.
Пендаровски и неговата сопруга Ѓоргиевска изразиле целосна поддршка за барањата на коалицијата „МЕНУВАМЕ“. Пендаровски нагласил дека согласно со неговите надлежности ќе се залага за подобрување на положбата на лицата со попреченост и на нивните семејства.
– Неприфатливо е и натаму да бидете маргинализирани и обесправени, порачал Пендаровски.

Дел од приоритетните барања, кои биле посочени на средбата, се зголемување на износот што го добиваат овие лица како додаток на попреченост и како посебен детски додаток, оформување на регистар за лица со попреченост и отворање на повеќе дневни центри и центри за рехабилитација.
Активистите, како што информираат од Кабинетот на претседателот, ги изложиле нивните заложби за остварување на правата на еднаквост, достоинствен живот и активно вклучување на овие лица во целокупниот економски, културен и општествен живот. Овие права им се загарантирани согласно со Конвенцијата за правата на лицата со попреченост на Обединетите Нации која државата ја ратификуваше пред 10 години, а имплементацијата, како што посочиле од коалицијата „Менуваме“, речиси и да не е започната.
Ново на Сител
-

Ѓорѓиевски: Планинска спасителна служба на Водно и во Кањон Матка - безбедноста на граѓаните е наша обврска
-

Носкова: Ова никогаш нема да го заборавам
-

СП 2026: Аргентинците веруваат во одбрана на титулата
-

СП 2026: Норвешка сега ја има на фудбалската карта
-

Русија тврди дека украинската армија погодила танкер во Црно Море
-

ДЗС: Артилериска граната тешка 13,6 кг отстранета од плажа на Дојранското Езеро | ФОТО
-

Почина американскиот сенатор Линдзи Греам
-

Во координирана акција на ЦУК и МВР, кај Матка успешно пронајден изгубен романски државјанин
