Пендаровски на средба со генералната секретарка на Унијата на франкофонските новинари Зара Назариан
Претседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски денеска во својот кабинет оствари средба со Зара Назариан, генерална секретарка на Унијата на франкофонските новинари, по повод формирање на Франкофонско здружение на македонски новинари како полноправна членка во Меѓународното франкофонско здружение.
Од Кабинетот на претседателот информираат дека за време на средбата генералната секретарка Назариан го информирала претседателот Пендаровски за тековните активности на Унијата на франкофонските новинари и заложбите за промовирање на културната и јазична разновидност, и европските вредности за слобода на говор како една од основните придобивки на демократските општества.
–Претседателот Пендаровски поздравувајќи го формирањето на франкофонското здружение на новинари во Македонија, ја нагласи важноста од членувањето на македонски новинари во Унијата, како можност за институционална соработка во рамките на Европската Унија, како и размена на искуства во насока на континуиран развој на етичките вредности и професионалните стандарди и принципи, се вели во соопштението.
Ново на Сител
-
Трамп: Си-Ен-Ен и Њујорк Тајмс го валкаат еден од најуспешните напади во историјата
-
Денеска пресуда за убиството на Вања и Панче
-
Мицкоски, Меџити и Алиу ќе ја посетат Универзитетската клиника за детски болести во Скопје
-
Студентите во блокада со ултиматум до српската Влада: Бараат исполнување на две барања до сабота навечер
-
Нетанјаху прогласи историска победа
-
Сончево и многу топло, до 39 степени
-
Усвоени измени на Законот за царинска тарифа, се намалуваат царинските стапки на 67 стоки и се либерализира трговијата со САД
-
Биди кокиче на новиот живот | Дора Попова | Sitel Podcast 099