Пендаровски на панелот за Западен Балкан во Давос
Претседателот Стево Пендаровски, во рамки на учеството на 54. Годишен состанок на Светскиот економски форум во Давос вчеравечер говореше на сесијата „Дипломатски дијалог за Западен Балкан“.
Во фокусот на дебатата беа перспективите за проширување на Европската Унија со земјите од Западен Балкан во поширокиот геополитички и безбедносен контекст, нивната подготвеност за реализација на реформите, очекувањата од европските избори, подобрувањето на економската интеграција на регионот и неговиот раст.
Претседателот Пендаровски ја реафирмираше потребата од забрзана интеграција на земјите од Западен Балкан, која позитивно ќе влијае врз безбедноста, севкупните политички процеси и реформската агенда, како и врз евро-оптимизмот во регионот.
Meѓу излагачите на сесијата беа и Урсула фон дер Лејен, лидерите на земјите од регионот како и украинскиот шеф на дипломатијата.
Ново на Сител
-

Работниците им го блокираат патот на пратениците до Собранието
-

Владата со одлука - да се проверат на сите фирми кои имаат лиценци за производство на канабис
-

Филипче: Акцијата на власата е дефокус од прашањето како 5 тони дрога поминале низ граница
-

Стручна конференција: Триесет години од атентатот врз Киро Глигоров
-

Охридскиот студентски дом два дена без струја
-

О. Карбинци бара „Safe city“ камери поради црната сообраќајна статистика
-

Преглед на вестите од светот
-

Законот за високо образование „под лупа“, професорите и студентите со сериозни забелешки
