Пендаровски: Мудроста на Св. Климент да ни бидат водилка и патоказ низ премрежињата

Претседателот Стево Пендаровски, по повод христијанскиот празник Свети Климент Охридски, упати честитка до Господин Господин Стефан, Архиепископ Охридски и Македонски и на Јустиниана Прима.
-Св. Климент Охридски верно продолжувајќи го делото на своите учители, Светите Кирил и Методиј, ги постави темелите на духовноста и просветителството на нашите простори. И после 11 века од неговото упокојување, неговото дело го издржа судот на времето, не престанувајќи да биде инспирација и мотивација не само за македонските граѓани, туку пошироко на Балканот и во Европа.
Свети Климент Охридски не остави само големо духовно и просветителско наследство, туку и со личен пример на дело покажа што значи милост, трудољубивост, трпение, солидарност. Токму овие доблести ни се неопходни во време, кога како и целото човештво се бориме со пандемијата на Ковид 19 и разорните последици што таа ги носи. За жал токму сега, како народ и држава сме ставени пред дополнителни тешкотии и предизвици, при што ни се негира минатото, обременува сегашноста и загрозува иднината . Посакувам делата и мудроста на Св. Климент да ни бидат водилка и патоказ низ премрежињата, а неговата верба и љубов поткрепа во искушенијата кои само сложни и обединети можеме ги надминеме, се вели во честитката од претседателот Пендаровски.
Шефот на државата по повод големиот празник Св. Климент Охридски на г.г. Стефан и на членовите на Светиот архиерејски синод, на преподобното монаштво и свештенство, како и на сите православни верници им упати најсрдечни честитки, посакувајќи им денот посветен на патронот на МПЦ-ОА да го поминат во добро здравје, хармонија и радост.
Ново на Сител
-

Уркиза: Со развојот на ВИ и дигиталните плаќања криминалот целосно ги брише границите, затоа соработката на полициските агенции е поважна од кога било
-

Голема победа на Силекс против Динамо Минск – Хасукиќ донесе триумф од 1:0
-

Нетанјаху: ИДФ ќе останат во Либан колку што е потребно, ние ќе ја одржиме воздушната супериорност
-

Првиот човек на ИДФ, генерал Ејал Замир: Борбата против Иран не е завршена, ќе следат големи операции
-

Претседателот на Палестинската самоуправа, Махмуд Абас, ги објави парламентарните избори за 28 ноември
-

Арагчи ги предупреди САД да се воздржат од нови воени авантури
-

МВР со низа превентивни активности за безбеден сообраќај, спречување пожари и кражби
-

Пакетот закони за високо образование прифатени од матичната собраниска комисија, одат на натамошно читање
